| Почитувани корисници |
|
|
|
| Напишано од Administrator |
| Сабота, 20 Март 2010 17:00 |
|
Сведоци сме на големиот интерес кој постои за започнување и инвестирање во активности кои се нови и нетипични во досегашното земјоделско производство кај нас. Секојдневно слушаме за полжави, ноеви, аспарагус, селски туризам... Иако сите овие алтернативи делуваат атрактивно и привлечно, секогаш си го поставуваме прашањето: дали знаеме доволно за да инвестираме во алтернативни активности? Овој вебсајт е создаден токму со таа цел, да биде место каде што ќе ги најдете сите информации за диверзификација и инвестирање во алтернативни земјоделски активности. Вебсајтот е информативен, а не промотивен. Во него се презентирани можностите и алтернативите за диверзификација, добрите и лошите искуства, информации, пазари, технологии, законски регулативи... Едноставно, можете да најдете се на едно место, ако сте решиле или сакате да започнете со алтернативни земјоделски активности. На овој вебсајт се застапени голем број на можности и алтернативи за диверзификација. Овие можности се презентирани како заслуга на група луѓе, ентузијасти кои доброволно се одлучија да го споделат своето знаење и искуство со нас. Секој од нив е одговорен за одредена алтернативна активност, во која има и практично искуство. Но, основата на вебсајтот не е давање, туку размена на информации и искуства. Затоа, Вашето учество и придонес во градењето на овој вебсајт е од посебно значење. Секој е добродојден да ги презентира и сподели своите информации и искуства на овој вебсајт.
На овој вебсајт треба да ги најдете одговорите на прашањата:
Што е тоа диверзификација?
Тешко е да се даде точна дефиниција за диверзификацијата. Различни луѓе, различно ја перцепираат диверзификацијата. Според нашето разбирање, диверзификацијата претставува замена на традиционалните земјоделски активности со нови активности, кои до сега не биле или во мал обем биле застапени во нашата држава.
Зошто диверзификација?
Диверзификацијата е можност за традиционалните земјоделци да преминат кон нови активности кои ќе им овозможат подобро и порационално користење на ресурсите со кои располагат. Некои можат да се решат за комплетна промена на досегашното производство, а други можат делумно да го променат производството со цел да обезбедат дополнителни приходи. Сепак, диверзификацијата побудува посебен интерес кај луѓето кои не се занимаваат со земјоделство. Инвестирањето во алтернативни активности претставува можност за обезбедување на приход преку подобра конкуретност на пазарот, за разлика од инвестирањето во традиционалните земјоделски активности.
Дали треба да применам диверзификација?
Одговорот на ова прашање најдобро можете да го дадете самите Вие. Диверзификацијата не е магичен одговор на постоечките проблеми. Диверзификацијата може да биде направена со цел да се намали пазарниот ризик, подобро да се искористат постоечките ресурси, има можности за подобро освојување на пазарот, поголем профит... Одлуката за диверзификација зависи од Вашите цели и желби.
Дали диверзификација значи и подобро?
Не секогаш промената на традиционалното земјоделско производство со алтернативни активности значи и подобар бизнис. Диверзификацијата може да има и негативни резултати, кога е направена без претходно информирање и разгледување на сите аспекти на истата.
Кои се можностите за диверзификација?
Во овој момент се презентирани повеќе алтернативи и можности за диверзификација. Но, ова не се единствените алтернативи. Се очекува дека со заеднички напори и раземена на искуствата овие алтернативи ќе продолжат да се зголемуваат.
Сведоци сме на големиот интерес кој постои за започнување и инвестирање во активности кои се нови и нетипични во досегашното земјоделско производство кај нас. Секојдневно слушаме за полжави, ноеви, аспарагус, селски туризам... Иако сите овие алтернативи делуваат атрактивно и привлечно, секогаш си го поставуваме прашањето: дали знаеме доволно за да инвестираме во алтернативни активности? Овој вебсајт е создаден токму со таа цел, да биде место каде што ќе ги најдете сите информации за диверзификација и инвестирање во алтернативни земјоделски активности. Вебсајтот е информативен, а не промотивен. Во него се презентирани можностите и алтернативите за диверзификација, добрите и лошите искуства, информации, пазари, технологии, законски регулативи... Едноставно, можете да најдете се на едно место, ако сте решиле или сакате да започнете со алтернативни земјоделски активности. На овој вебсајт се застапени голем број на можности и алтернативи за диверзификација. Овие можности се презентирани како заслуга на група луѓе, ентузијасти кои доброволно се одлучија да го споделат своето знаење и искуство со нас. Секој од нив е одговорен за одредена алтернативна активност, во која има и практично искуство. Но, основата на вебсајтот не е давање, туку размена на информации и искуства. Затоа, Вашето учество и придонес во градењето на овој вебсајт е од посебно значење. Секој е добродојден да ги презентира и сподели своите информации и искуства на овој вебсајт.На овој вебсајт треба да ги најдете одговорите на прашањата: Што е тоа диверзификација? Тешко е да се даде точна дефиниција за диверзификацијата. Различни луѓе, различно ја перцепираат диверзификацијата. Според нашето разбирање, диверзификацијата претставува замена на традиционалните земјоделски активности со нови активности, кои до сега не биле или во мал обем биле застапени во нашата држава. Зошто диверзификација? Диверзификацијата е можност за традиционалните земјоделци да преминат кон нови активности кои ќе им овозможат подобро и порационално користење на ресурсите со кои располагат. Некои можат да се решат за комплетна промена на досегашното производство, а други можат делумно да го променат производството со цел да обезбедат дополнителни приходи. Сепак, диверзификацијата побудува посебен интерес кај луѓето кои не се занимаваат со земјоделство. Инвестирањето во алтернативни активности претставува можност за обезбедување на приход преку подобра конкуретност на пазарот, за разлика од инвестирањето во традиционалните земјоделски активности. Дали треба да применам диверзификација? Одговорот на ова прашање најдобро можете да го дадете самите Вие. Диверзификацијата не е магичен одговор на постоечките проблеми. Диверзификацијата може да биде направена со цел да се намали пазарниот ризик, подобро да се искористат постоечките ресурси, има можности за подобро освојување на пазарот, поголем профит... Одлуката за диверзификација зависи од Вашите цели и желби. Дали диверзификација значи и подобро? Не секогаш промената на традиционалното земјоделско производство со алтернативни активности значи и подобар бизнис. Диверзификацијата може да има и негативни резултати, кога е направена без претходно информирање и разгледување на сите аспекти на истата. Кои се можностите за диверзификација? Во овој момент се презентирани повеќе алтернативи и можности за диверзификација. Но, ова не се единствените алтернативи. Се очекува дека со заеднички напори и раземена на искуствата овие алтернативи ќе продолжат да се зголемуваат.
|
| Последно освежено на Сабота, 01 Мај 2010 07:23 |

За нови корисници

