| Рани јагоди |
|
|
|
|
Почетокот на април и месеците мај и јуни се месеци каде се сретнуваат поголемите верски и државни празници и се добра можност за продажба на јагодите во овој период.
Опис на активноста:Производството на рани јагоди во месеците април и мај преставува добра потенцијал за дополнување на буџетот на едно земјоделското семејство. Низ земјава постојат повеќе големи и мали производители на рани јагоди во пластеници. Големите производители кои не се карактеризираат како алтернативно земјоделско производство своето производство го наменуваат за странските пазари. Малите производители кои имаат до 0,2 ха површини под пластеници можат своите производи да ги пласираат на локалните пазари во период кога нема други овошја по профитабилни цени што значително го освежуваат земјоделскиот буџет во период кога нема други приходи. За производство на рани јагоди не се потребни дополнителни вештини освен познавање на земјоделски технологии. Постојат најразлични сорти на јагоди, но сортите кои даваат најрано плодови даваат конкурентна предност. Јагодите имаат краток животен век, но предност е тоа што истите можат да се размножуваат преку делење, со тоа што поголемите садници се заменуваат со изданци.
ПазарЗа разлика од Интензивното производство на јагоди, производството на рани јагоди е наменето за локалните пазари, поради едноставноста при транспорт, малата конкуренција и недостигот на друго овошје во сезоната на берба. Почетокот на април и месеците мај и јуни се месеци каде се сретнуваат поголемите верски и државни празници и се добра можност за продажба на јагодите во овој период. Цената најчесто зависи од цената на берзите, но и од локалните услови односно, присуството на друго овошје како суплемент и конкуренцијата. Во просек цената на јагодите изнесува 80 денари со што се движи од 200 денари до 30 денари. Наесен поради големата конкуренција од останатото овошје се препорачува преработка на добиените производи и нивна продажба во вид на џемови и мармелади. БарањаГенерално јагодата успева секаде, но за најдобри приноси се препорачува садење во растресити почви богати со хумус или делумно песокливи почви. Бараат плодни почви каде што се одгледуваат со киселост pH 5.5 – 6.5 и повеќе од 10 mg пристапен фосфор. Се препорачува плодоред и промена на просторот со цела намалување на појавите од заразни болести и штетници. Од аспект на ѓубрење, најдобро е пред расадувањето во почвата да се додаде прегорено арско ѓубре на секои три години на количини 3-4 тони од декар. Бараат умерена клима со што мрзнат на – 15 степени, додека цветовите мрзнат на – 3 степени. Бидејќи имаа потреба од вода, се препорачува инсталирање на систем капка по капка. За производство е потребно подигање на пластеници (арматура и најлон) и најлон за мулќиран (црн, стабилизиран). Најголем дел од операциите се трудово интензивни.
ТрошоциПочетни инвестиции : На секој 4м2 по едно железо за пластеник и 1,5 м2 најлон стабилизиран проѕирен и 0,75 м2 црн стабилизиран за мулчирање на секој квадратен метар површина. Цените на инвестициите зависат од моменталните цени на пазарите. Трошоци: Точната информации на трошоците за време на активност како влезни материјали, медицински трошоци, специфични опрема (замена), вода, струја итн. Законска регулативаОвој сектор е рекулиран со законот за земјоделско производство За оваа култура не се потребни дополнителни дозволи и одобренија. Болести
Обука и едукацијад.и.а. Благојче Наумовски ЗПЗХ „Виножито“ - Битола Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; 070 307 669
http://krr.ugd.edu.mk/images/stories/file/pdf/organsko_zemjodelie/Vodic%20za%20jagoda.pdf Грантови и субвенцииhttp://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp Програма за рурален развој (50:50): Модернизација на лозарството, овоштарството и градинарството на отворено: - Набавка на трактори до 95 КС, култиватори и мотокултиватори - Набавка на опрема и приклучна механизација - Набавка на генератори и агрегати за енергија за наводнување - Набавка на елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на опрема и механизација - Услуги за вршење на градежни работи за монтажа и инсталација на опрема Дополнителни Информацииhttp://krr.ugd.edu.mk/images/stories/file/pdf/organsko_zemjodelie/Vodic%20za%20jagoda.pdf
|




За разлика од Интензивното производство на јагоди, производството на рани јагоди е наменето за локалните пазари, поради едноставноста при транспорт, малата конкуренција и недостигот на друго овошје во сезоната на берба.

