header

Поддржано од:

CSAE1
ЦЕНТАР ЗА
ОДРЖЛИВОСТ
И НАПРЕДНА
ЕДУКАЦИЈА

Google Translate

Macedonian Albanian English French German Italian Russian Swedish
Рурален туризам PDF Печати Е-пошта

selski_turizamПод поимот рурален туризам се сретнуваат разни називи: еко – туризам, селски туризам, агро –туризам, еко рурален туризам и сл. Руралниот туризам е концепт на туризам во селските домаќинства, кој се темели на користење на руралниот простор во контекст на туристички понуди. Надвор е од урбаните населби и нема масовен облик. Руралниот туризам подразбира поттикнување на развојот на нови туристички дестинации на континентот. Дел е од континенталниот туризам. Се одвива во селските стопанства чија егзистенција се темели на земјоделството, а вишокот од своите производи го пласираат низ новиот продажен канал – туризам.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Под поимот рурален туризам се сретнуваат разни називи: еко – туризам, селски туризам, агро –туризам, еко рурален туризам и сл. Руралниот туризам е концепт на туризам во селските домаќинства, кој се темели на користење на руралниот простор во контекст на туристички понуди. Надвор е од урбаните населби и нема масовен облик. Руралниот туризам подразбира поттикнување на развојот на нови туристички дестинации на континентот. Дел е од континенталниот туризам. Се одвива во селските стопанства чија егзистенција се темели на земјоделството, а вишокот од своите производи го пласираат низ новиот продажен канал – туризам.

Македонија како планинска земја со голем број села, со благи климатски услови, со богатство на шуми, извонредни пејзажни вредности на релјефот, богата хидрографија, традиционална гастрономска понуда има голем потенцијал за развој на руралниот туризам како дел од алтернативниот туризам.

ТЕХНОЛОГИЈА И ПОТРЕБНИ СРЕДСТВА

За занимавање со рурален туризам или некој негов дел, треба да се проверат предусловите од опкружувањето, некои сопствени предности, како и предусловите на своето домаќинство.

Оние кои решиле да се занимаваат со рурален туризам можат да понудат:

- Угостителски услуги во домаќинството – само со издавање на соби, апартмани или куќи за одмор.

- Угостителски услуги во селско домаќинство – на групи од излетници дневно, претежно со храна и напитоци од свое производство

- Угостителски услуги на пловен објект и сл.

Во занимавањето со рурален туризам предност е тоа што селските стопанства заработувачката ја остваруваат во своите сопствени дворови, тоа подразбира активно вклучување на целото семејство.

Руралниот туризам не е капитално интензивна гранка со голем профит, туку повеќегодушно вложување и уште подолгорочен поврат на вложените средства.

ПАЗАРИ

Овој тип на туризам е посебно атрактивен за странските туристи и луѓето кои доаѓаат надвор од Македонија, а работат или престојуваат во државата.

Освен со продажба на сопствените производи, приход се остварува и со услуги за сместување, храна, и одредени други активности – непосреден контакт со домашните животни, учествување во земјоделските работи, варење ракија, јавање и сл.

ОБУКА И ЕДУКАЦИЈА

Во Македонија е отворен факултет за Менаџмент на еколошки и рурален туризам преку кој се задоволуваат по тре би те на раз лич ни те ни воа на ко рис ни ци за ва ков вид на едукација.

Покрај тоа се почесто се организираат обуки и работилници за рурален туризам и други сродни области, организирани од земјоделски советници и невладини организации.

 

ГРАНТОВИ И СУБВЕНЦИИ

 Препознавајќи го потенцијалот посебно за развој на руралниот туризам, Владата преку финансиската поддршка на Секторот за рурален развој и основање Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот даде системска поддршка за развој на руралниот туризам.

За развој на руралниот туризам, можат да се искористат и неповратни финансиски средства од европските и светските фондови.

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

Законите за занимавање со рурален туризам можете да ги најдете на следните веб страни:

http://www.slvesnik.com.mk/

http://www.uslugi.gov.mk/

http://www.mzsv.gov.mk/

РИЗИЦИ И МОЖНИ ПРОБЛЕМИ

Дефинирани се видовите на туризам за кои Македонија има потенцијал, но недостасуваат регионалните планови, кои се неопходни поради достапноста на фондовите за развој. Иницијативата не треба да биде само на централно ниво, туку е важно поврзување и со плановите, визиите и проектите на локално и на регионално ниво.

Недостаток кој може да влијае на руралниот туризам е променливата законска регулатива, не информираноста со законите за вршење на оваа дејност како и немањето традиција за рурален туризам.

ЛИНКОВИ

http://star.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=10982&Itemid=126

http://www.eol.hr/martin/odrednice.htm

www.hrvatski-farmer.hr

Zakon o ugostiteljskoj djelatnosti (NN 138/06)

Zakon o pružanju usluga u turizmu (NN 68/07)

Pravilnik o pružanju ugostiteljskih usluga u seljačkom domaćinstvu (NN 05/08)