| Ракотворби |
|
|
|
![]()
Општи информацииМакедонското ракотворење има вековна традиција и неговата вредност како наше традиционално богато културно обележје се афирмира како кај нас, така и надвор од нашата земја преку традициолалните обичаи во период на верските празници а тоа е нашиот идентитет кој треба да си го зачуваме. Занаетчиството во Република Македонија се развивало постапно низ вековите, достигнувајќи ниво на перфекција истовремено добивајќи признак на високо квалитетна применета уметност. Тоа со векови било како основна економска и културна движечка сила во земјата, препознатлива во регионот и ширум светот. Денес, новите технологии и иднустрии го потиснуваат занаетчиството. Многу малку е направено истото да се сочува, заштити и негува како традиција, како духовна вредност које има уникатни карактеристики. Ваквите занаети можат во многу да придонесат за препознатливоста на Република Македонија ширум светот. Современиот начин на живеење сè повеќе и повеќе го потиснува нашето културно богатство и современиот човек ја губи врската со традиционалното изворно ракотворење. Во различните региони на Македонија има жени земјоделки кои се занимаваат со ракотворење. За полесно пласирање на своите производи на домашниот и странски пазар се здружуваат изаедно ги пласираат своите производи. Технологија и потребни средстваОсновна суровина за изработка на производите се волната и памукот а како додаток свила,срма, монистра и седефки. Материјалите за изработка се пронаѓаат секаде каде што можат. Најмногу се користат стари материјали (конец, белена и сирова преѓа). Тие се преработуваат на разбои . Волната се откупуваат од одгледувачите на овци, а останатите потребни материјали се набавуваат од македонските пазари.
Некои производи се изработуваат од разновидни материјали чиј суровински состав може да биде од: полиестер, памук, волна , свила , ликра и комбинација. Дезенот и големината не е ограничен. Најразновидни мотиви со најразлични бои кои се цртаат на платно, при што платното може да биде од сите видови (памук, полиестер, полиамид и сл.). Изработени од рециклиран материјал, витрад бои, пилевина, восок, стакло, коноп, пластика, хартија и др. ПазариЗа оние кои се занимаваат со оваа дејност, сериозен проблем претставува тоа што пазарите немаат фискални каси и по купување на репроматеријалите, тие не можат да го вратат данок на додадена вредност, Со тоа, плаќаат поскап репроматеријал, што го прави неконкурентен и поскап нивниот традиционален производ. Сепак, тие продолжуваат со изработката и со битката на нелојалната конкуренција за зачувување на традицијата во Македонија. Некои од македонските здруженија имаат направено своја веб страна за продажба нивните производи, на кои може да ги продавате и вашите производи: ИникатноАко сте ентузиасти на рачно изработени работи , креирате и барате сопствени техники, се трудите предметите да се перфектно изработени и не сакате повеќе да ги ставате во фиолки Вашите рактворби, напишете ни. Време е да ги презентирате на клиентите. Пофалете се со тоа што го правите. Не е важна техниката на изработка и уметничкото образование. Бараме интересни и неповторливи работи. Дајте им шанса на купувачите да купат нешто,што нема да го најдат низ продавниците. ДАРИЈА ракотворби дооел с.ИстибањаМакедонското ракотворење има вековна традиција и претставува наше вредно традиционално културно богатство. Македонската жена отсекогаш знаела своите вештини и умеење да ги преточи на платно преку карактеристични орнаменти изработени со голем опсег на бои и со помош на разни техники на изработка, како што се ткаењето, плетењето и везењето. Обука и едукацијаВо „Даија ракотворби“ дооел с.Истибања во ткајачката работилница се врши обуки и работилници на изработка на традиционални македонски ракотворби со автентични мотиви и обележја преточени на платно преку ткаење, плетење, везење кроење и шиење и филц техника. За успешно спроведената обука на учесниците им се издава сертификат(потврда за успешно помината обука за намена за која е посетена обуката. Грантови и субвенцииВо моментот не постојат грантови или субвенции за оваа активност. Законска регулатива
Ризици и можни проблемиДосегашното искуство покажува дека нашите производи ги купуваат и домашни и странски посетители, а во прилог на тоа е фактот што Македонската носија е презентирана во целиот свет преку културно-уметничките друштва од Македонија и културно-уметничките друштва организирани од македонски иселеници во странство. Можни ризици при продажбата е доставата, начинот на враќање на производите, начин на плаќање, доколку се работи за продажба преку интернет. Доколку се работи за продажба во продавница, ризик е вложувањето за кирија на соодветната продавница. Линковиhttp://www.darija.com.mk/kontakt.html http://creative.arheo.com.mk/2008/03/06/spring-bazaar-of-macedonian-handicraft/ http://www.sezadomot.com.mk/pokukjnina-rakotvorbi%20i%20suveniri.htm http://www.mn.mk/kultura/2206-Tradicionalen-Bazar-na-rakotvorbi-vo-Ohrid
|




