| Ноеви |
|
|
|
|
Одгледувањето на ноеви во Република Македонија е релативно нова земјоделска активност, која се воведува во последниве неколку години. Откако за прв пат започнуваат да се одгледуваат во 2003та година, интересот за нивно одгледување е во постојан пораст. Според некои информации кои датираат од 2007 година, во македонија има 56 фарми за одгледување на ноеви со вкупно 1.000 ноеви. Во моментот бројот на фарми и одгледувачи на ноеви е во намалување, поради непостоењето на специјализирана кланица за ноеви и пазар за оркуп на производи од ноеви. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ--------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Одгледувањето на ноеви во Република Македонија е релативно нова земјоделска активност, која се воведува во последниве неколку години. Откако за прв пат започнуваат да се одгледуваатво 2006 година, интересот за нивно одгледување е во постојан пораст. Според некои информации кои датираат од 2007 година, во Македонија има 56 фарми за одгледување на ноеви со вкупно 1.000 ноеви. Бројот на фарми и одгледувачи на ноеви е во постојан пораст. (повеќе) --------------------------------------------------------------------------------------------- ТЕХНОЛОГИЈА И ПОТРЕБНИ СРЕДСТВА Ноевите условно кажано немаат големи и специфични барања во однос на агротехничките мерки кои треба да се применуваат за нивно одгледување. Нојот го одгледуваат насекаде во светот, најмного заради пердувите, кои се декоративни и се користени за изработка на чистачи на прав. Кожата е користена за изработка на кожени производи, а месото се продава како храна (комерцијално). ПАЗАРИСпоред одредени извори одгледувањето на ноеви може да овозможи просечни заработка од 15.000 денари месечно по едно семејство. Како можни пазари се потенцира извозот на производи од ноеви на пазарите во Италија. Иако постојат пазарни можности за ноеви производи, како главна пречка се нагласува недостатокот на кланица за колење на ноевите.
ТРОШОЦИЗа да се започне со одглеувањето на ноеви, потребно е да се исполнат и одредени предуслови за нивно сместување. Посебно внимание треба да се обрати на ноевите јајца и процесот на добивање на млади ноеви од истите во инкубатори.
ОБУКА И ЕДУКАЦИЈА
Грантови и субвенцииhttp://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp Програма за рурален развој (50:50): Модернизација на лозарството, овоштарството и градинарството на отворено: - Набавка на трактори до 95 КС, култиватори и мотокултиватори - Набавка на опрема и приклучна механизација - Набавка на генератори и агрегати за енергија за наводнување - Набавка на елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на опрема и механизација - Услуги за вршење на градежни работи за монтажа и инсталација на опрема http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp Директни плаќања Услов: регистрирано одгледувалиште со 4 возрасни единки Субвенција: 1700 денари по грло
ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВАНачинот на одгледување во однос на евиденција, колење и ветеринарно - здравствената исправност на производите од ноеви е регулирана со правилник донесен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
РИЗИЦИ И МОЖНИ ПРОБЛЕМИВо момантот оваа гранка се соочува со повеќе видови на проблеми од кои најбитни се: - Непостоење на специјализирана кланица за ноеви - Непостоење на откуп на производи од ноеви |




