| Калифорниски црви |
|
|
|
Пред 5000 год. старите Египќани знаеле за црвите. Со нивните закони најстрого забрането било изнесување црви од долината на реката Нил, бидејки тајната на плодноста на тој крај била врзувана со голема концентрација црви во речните наноси на реката Нил. Сета родна земја во целиот Свет повеке кратно поминала и ке поминува низ утробата на црвите и констатира дека црвите во природата во тек на една година преработуваат и исфрлаат 4 кг. хумус на квадратен метар (или 40 тони на хектар).
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИЗАШТО ОДГЛЕДУВАЊЕ КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ ????? а. ОДГЛЕДУВАЊЕ НАСОЧЕНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КВАЛИТЕНО ОРГАНСКО ЃУБРИВО б. ОДГЛЕДУВАЊЕ НАСОЧЕНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРОТЕИНСКО БРАШНО. в. ОДГЛЕДУВАЊЕ НАСОЧЕНО ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНA Вовед
Конвенционалното земјоделие со употреба на хемиски ѓубрива и заштитни средства е едно од најголемите загадувачи пред се на почвата па и на водите. Милиони хектари најплодни почви се неповратно изгубени. Губитокот на површинските хумусни слоеви на почвата во опасност го доведуваат производството на храна за нашата и иднината на наредните генерации. Растенијата од загадените почви се неотпорни на сите видови болести, суша и мраз а плодовите од овие растенија се без мирис, вкус и личат на синтетика. Еден од начините да се поврати квалитетот на веке деградираните почви е исфрлање од употреба на вештачките ѓубрива и користење органски ѓубрива Една од главните предности на биохумусот е големиот процент на органската материја во него, со која ја поправа структурата на почвата и ја зголемува плодноста на почвата Одржив развој е нова, општо прифатена концепција која се темели на раст кој нема да го надмине капацитетот на природата во целина, а тоа значи да живееме со природата а не да земаме повеке отколку што може земјата да даде. Има многу начини и програми како да се постигне принципот на одрживост во сите сегменти од човековите дејности. Еден од нив е производството на храна и наречен е одрживо земјоделие. Како дел од одрживото е органското земјоделие.
Основна предност на органското земјоделие е производство високо вредна и здравствено безбедна храна која ке биде извор на здравјето на луѓето и животните. Познато е дека многу болести на современиот човек доаѓаат од неправилна исхрана и употреба на загадена и здравствено неисправна храна. Втора предност на органското производство е зачувување и заштита на животната средина така да оставаме чиста почва, вода и воздух за наредните генерации. ЕДНО ОД НАЈКВАЛИТЕТНИТЕ ОРГАНСКИ ЃУБРИВА ВО ПРИРОДАТА Е ЃУБРИВОТО ДОБИЕНО СО ПОМОШ НА КАЛИФОРНИСКИТЕ ЦРВИ А. ОДГЛЕДУВАЊЕ КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ НАСОЧЕНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКО КВАЛИТЕНО ОРГАНСКО ЃУБРИВО Со помош на калифорниските црви се прават повеке ѓубрива (во цврста и течна состојба ) Биохумусот е арско ѓубре преработено од калифорниски црви.Преработката трае една год. Од биохумусот со екстракција на микроорганизмите и макро и микро елементите со посебна технологија се добива течно ѓубриво, ‘‘ БИОФЛОР ‘‘ кое се користи во системите капка по капка и фолијарно
Биохумусот од просечен квалитет содржи: 11 пати повеќе калиум, 5 пати повеќе азот 3 пати повеќе магнезиум, и 7 пати повеќе фосфор од арското ѓубре.
ВЛИЈАНИЕ НА БИОХУМУСОТ ВРЗ ПОЧВАТА
ВЛИЈАНИЕ НА БИОХУМУСОТ ВРЗ РАСТЕНИЈАТА
ВЛИЈАНИЕ НА БИОХУМУСОТ ВРЗ ПЛОДОВИТЕ
ü Зголемен процент на витамин “ C “ во плодовите од 2-7 пати. ü Приносите кај овие растенија се поголеми за мин. 20 %. ü Плодовите се покрупни со поизразени бои и со поубав мирис и вкус. ü Плодовите созреваат порано за 5-8 дена. ü Плодовите подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот. Квалитетот на биохумусот се гледа од една анализа на Земјоделскиот факултет во Торино.
Б. ОДГЛЕДУВАЊЕ КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ НАСОЧЕНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРОТЕИНСКО БРАШНО. Од индустриски одгледуваните црви се добида најквалитетно протеинско брашно кое се додава во сточната храна. Калифорнискиот црв иако со мали димензии 6-8 см. и тежина нешто помала од еден грам, со своето невероватно темпо на размножување продуцира количина на протеинска маса (месо) која ни приближно не е во состојба да ја даде ниту една друга врста ПРИМЕР: Во едно работно легло калифорниски црви има околу 30 000 полно зрели црви, 30 000 млади црви и 30 000 јајца од црви. По една година во зависност од надворешната температура, квалитетот и влажноста на ѓубрето и уште некои фактори во леглото би требало да има околу 100 000 црви. Ако знаеме дека еден црв тежи приближно 1 грам, тоа значи дека едно легло може да даде приближно 100 кг. месо, или стабилизирана мини фарма од 100 легла годишно може да даде околу 10 тона квалитетно протеинско месо. Квалитетот на тоа месо по своите состојци рамен е на телешкото месо, и се котира повисоко од комерцијалните врсти месо. Според Мичеловата скала за мерење биолошки вредности, месото на црвениот калифорниски црв е означено со 61,3, телешкото со 62, рибиното со 55, комерцијалното со 48 до 50 и соиното со 36. Од индустриски одгледуваните црви се добива најквалитетно протеинско брашно кое се додава во сточната храна. Најдобри ефекти се постигнуваат во живинарството, рибарството и свињарството. Животните кои се одгледуваат на фарми немаат прилика да дојдат до свежи протеини. Со додавање св свежи црви во исхраната на бројлерите, рибите и свињите животните стануваат поотпорни на зарази, се забрзува нивниот растат и се скратува турнусот.
В. ОДГЛЕДУВАЊЕ КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНA Калифорниските црви се големи љубители на органските материи, посебно на оние кои се богати со целулоза. Тие со сигурност можат да ги решат проблемите со органските отпадоци кои се натрупуваат и се големи загадувачи на почвата и надземните и подземните води. Најголеми концентрации на органски отпадоци има во големите градови, фабрики за храна, фабрики за целулоза, свињарски фарми и др. На веке уништените почви плодноста може да се врати на следнит начин:
2. ТЕХНОЛОГИЈА НА ПРОИЗВОДСТВО ЗА МИНИ ФАРМА ОД 100 ЛЕГЛА
Основни информации:
Едно легло калифорниски црви условно содржи: 30 000 полно зрели црви 30 000 млади црви и 30 000 кокони ( јајца од црви).
По избор на плацот се купува арско ѓубре за почеток кравјо. Ѓубрето треба да биде одлежано околу 10 месеци. Со вила или со мотокултиватор треба да се истни и добро натопи и така да одстои 15-30 дена, Влажноста е добра кога со рака ке стиснете дел од ѓубрето и ке се исцедат неколку капки вода Додека ѓубрето ферментира се рамни просторот каде ке се постават леите. Од даска се прават леи (заграден простор) со височина од 30-35 см. широчина од 1.5- 2 метра и должина не повеке од 10 метра. Потребен простор за едно легло е 2м². Ако леата е долга 10 метра а широка 2 м. во неа ке работат 10 легла. Црвите во оваа леа ке преработат 10 тона арско ѓубре а ке се добие 5 – 6 тона биохумус. Во литература се препорачува на дното од леите ( леглата ) да се постави дебел најлон предходно издупчен со вила. Моја препорака за првите 10 или 20 легла да се стави мрежа 1x 1 см. како би се ебезбедиле црвите од крт кој е нивен најголем непријател Потоа се става најлонот. Врз најлонот се става иситнет картон и добро се натопува. Преку картонот се става добро иситнетото и добро натопено арско ѓубре во височина од 10-15 см.( подлога) повторно се прска со вода и се внесуваат црвите. Сето тоа се покрива со картони кои не дозволуваат да се суши ѓубрето и црвите да бидат заштитени од птици На црвите им треба околу 30 дена да си направат станиште и да ја преработат подлогата. После 30 - 40 дена а можеби и порано ке видите дека горната површина од подлогата е израмнета ( изедена ). Тоа значи дека подлогата е спремна за ранење и може да се стави нов слој арско ѓубре ( храна ) од 5-6 см. ( арското ѓубре за црвите е храна ). Ранењето се повторува на секои 10-20 дена.Процесот трае една година. Бројот на ранења зависи од тоа како ке биде припремено арското ѓубре, надворешната температура и бројот на црвите во леглото, а од тоа зависи колкава количина на биоѓубриво (биохумус) ке се добие. Делење на леглата По 3 месеци од купување на црвите бројот на леглата е двојно поголем. Ако сме купиле 10 легла сега во леата имаме 20 легла и црвите се пренаселени. Половина од нив треба да се преселат во ново направената леа. Правиме уште една леа иста големина како првата, и ја повторуваме постапката како со првата леа. По 3 месеца по последното ранење кога ке видиме дека подлогата е изедена се чека 5-6 дена црвите да огладнат и потоа се става храна 7-8 см. Црвите ке влезат во новата храна за 5-6 дена. Кога ке влезат црвите во храната со вила се зима половина од храната која е полна со црви и се става во ново припремено легло. Брзината на размножувањето на црвите и брзината на преработка на арското ѓубре во леглото најповеке зависи од припремата на арското ѓубре и неговата влажност, а во помала мера од надворешната температура. Наредните селења се на секои 3 месеци.
Како се отстрануваат црвите од леглото?
Кога ке се напуни леата, ( тоа е 11-12 месеци по формирање на леглото )се става нов слој од арско ѓубре околу 7-8 см. Црвите во новиот слој ке влезат за 5-10 дена, а тоа зависи од надворешната температура, припремата на ѓубривото кое се става; староста на губрето, неговата иситнетост и влагата. Со вила се подига новиот слојот во кој се влезени 80 до 90 % од црвите и се пренесуваат во ново приптремено легло. Се чека 10 до 15 дена да се изведат црвите од јајцата кои се останати во леглото и повторно се става нова храна. Кога ке влезат преостанатите и новоизведените црви, повторно со вила се селат во ново легло. Доле останува чист биохумус кој треба да се просуши, просее, спакува во вреки и е спремен за продажба. Потребни средства Одгледувањето црви не бара некои посебни средства. За почеток е доволно една зидарска количка за пренос на арското ѓубре од депонијата до леите, 2 вили со 4 крака 2 лопати, 1 гребло и црево од пола цол за прскање со рачна прскалка. 3. ПАЗАРИВо последните 10 години во Македонија а во Европа веке 20 години во тренд е производство на органска храна. Тоа значи исфрлање од употреба на хемиските ѓубрива и употреба природни ѓубрива. Кај нас постојат многу здруженија и самостојни производители кои се цертифицирани за производство на органска храна која е поскапа на пазарот и се повеке се бара. Овие производители не смеат да користат хемиски ѓубрива туку единствено органски. Ѓубривото покажа врвни резултати во градинарството, лозарството и овоштарството, така да и оние кои произведуваат на конвенционален начин се потенцијални купци. Покрај квалитетот кој го поседува биохумусот конкурентен е и со цената. Количините на биохумус во Македонија се многу многу мали а биохумусот се повеке се бара. За странските пазари за сега не можеме ни да размислуваме бидејки тамо се бараат многу големи количини. 4. ВЛОЖУВАЊА ВО МИНИ ФАРМА ОД 100 ЛЕГЛА КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИАКО ИДНИОТ ОДГЛЕДУВАЧ ПОЧНЕ СО 10 ЛЕГЛА v Инвестиции во првата година
Вкупно трошоци на крај од првата година 1.410,00 евра На крај од првата година имаме стабилизирани мин. 30 легла Добивка од продажба на биохумус на крај од првата година.
На крај од првата година имаме добивка од 90,00 евра Ако идниот одгледувач располага со свое арско ѓубре добивката се зголемува за 180,00 евра и на крај од првата година имаме добивка од 270,00 евра. v Инвестиции во втората година:
2. Други трошкови: вода, струја,пп вреќи и др. 200,00 евра Вкупно трошоци во втората година 1.220,00 евра Добивка од продажба биохумус на крај од втората година
На крај од втората година имаме добивка 3.780,00 евра Ако идниот одгледувач располага со свое арско ѓубре добивката му се зголемува за уште 720,00 евра и изнесува 4.500,00 евра
v Инвестиција во третата и наредните години :
1. ПВЦ фолија за легла 100,00 евра 2. Даска за легла 100,00 евра 3. Други трошоци: вода струја пп вреќи и др 400,00 евра
Вкупно трошоци на крај од третата година 2.400,00 евра Добивка од продажба биохумус во третата и наредните години.
Добивка на крај од третата год. 12.600,00 евра Овде не е пресметана добивката од продажба на легла. Ако идниот одгледувач располага со свое арско ѓубре добивката му се зголемува за уште 1.800,00 евра и изнесува 14.400,00 евра годишно 5. ОБУКА И ЕДУКАЦИЈА
Не е потребна некоја специјална обука. Моја препорака најпрвин да се посети фарма на калифорниски црви, за да се види на лице место, а потоа да се прочита литература бидејки при читањето на идниот одгледувач ке му биде многу појасно. Во книжарата ‘‘Табернакул‘‘може да се купи книга за одгледување црви напишана од Др. Проф. Југослав Зиберовски голем познавач на калифорниските црви. Ако во текот на одгледувањето има било какви проблеми можат да се јават на телефон и проблемот брзо ке се реши. Ако е потребно постои можност и да ја посетиме новата фарма. 6. ГРАНТОВИ И СУБВЕНЦИИ
Европските држави посебно Холандија и Австрија кои се заинтаресирани за органско ѓубриво имаат повеке проекти за финансирање, а најдобро е да се распрашате во нивните амбасади во оделот за економија. Субвенции оваа година нема за одгледување црви.
7. ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
Во стариот закон за ѓубрива ѓубривото од калифорниски црви не беше обфатено. Во новиот закон кој се чека да профункционира и ке може да се регистрира како органско ѓубриво. За одгледување црви треба да сте регистриран како земјоделец или да имате регистрирано трговско друштво. Најпрвин треба да се направи хемиска анализа на ѓубривото на Факултет за земјоделски науки и храна,- Катедра по агрохемија,а потоа да се поднесе молба за регистрација на ѓубривото во министерство за земјоделие.
8. РИЗИЦИ И МОЖНИ ПРОБЛЕМИЦрвите се отпорни на болести. Нивен најголем непријател е кртот кој за неколку дена може да уништи едно легло. Помали штети можат да направат птици и коњштип ако го оставиме да се намножи во леглата. Нередовно влажење и нередовно хранење може да ги натера црвите да побегнат од леглото ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ
За повеке информации Слободан Вуксановиќ
070/ 62 33 43 076/39 55 99 078/39 55 99 |
|||||||||||||||||||||||||||



