header

Поддржано од:

CSAE1
ЦЕНТАР ЗА
ОДРЖЛИВОСТ
И НАПРЕДНА
ЕДУКАЦИЈА

Google Translate

Macedonian Albanian English French German Italian Russian Swedish
Пчели PDF Печати Е-пошта

beesОрганизираното одгледување на медоносните пчели, со основна цел да се произведе високо вредниот мед, е познато уште од времето на првите човечки цивилизации. Овие цивилизации, сопствените потреби за основна прехрана и засладување на храната, најнапред ги задоволувала преку медот кој го краделе од дивонаселените пчелни семејства во дрвјата и карпите. Набрзо, кога ги увиделе одличните нутриционистичко-фармаколошки вредности на медот и восокот, почнале организирано да ги одгледуваат овие извонредно корисни инсекти.

 

ОДГЛЕДУВАЊЕ НА МЕДОНОСНИТЕ ПЧЕЛИ И ДИВЕРЗИФИЦИРАНО ПРОИЗВОДСТВО

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Организираното одгледување на медоносните пчели, со основна цел да се произведе високо вредниот мед, е познато уште од времето на првите човечки цивилизации. Овие цивилизации, сопствените потреби за основна прехрана и засладување на храната, најнапред ги задоволувала преку медот кој го краделе од дивонаселените пчелни семејства во дрвјата и карпите. Набрзо, кога ги увиделе одличните нутриционистичко-фармаколошки вредности на медот и восокот, почнале организирано да ги одгледуваат овие извонредно корисни инсекти. Понатаму, човекот преку изучувањето на билогијата на пчелите и нивното одгледување, ја увидел можноста за производство и искористување на други производи од медоносните пчели. Покрај веќе познатите мед и восок се поинтензивно почнало да се произведуваат и користат и поленот, прополисот, матичниот мед и на крај и пчелниот отров. Покрај директната корист, најголемото значење што овој инсект го има за природата е способноста за опрашување на растенија, пред се овошните култури.

 

 

ТЕХНОЛОГИЈА И ПОТРЕБНИ СРЕДСТВА

Медоносните пчели претставуваа инсекти кои живеат во колонии ( пчелно семејство ) од по неколку илјади единки од кои 25-30.000 пчели работнички, 1.000-1.500 трутови и 1 матица .Технологијата на одгледување на пчелите е согласно нивните биолошки карактеристики. Годишниот животен циклус на пчелното семејство се состои во следење на промената на сезоните во годината и последователно промената на фенолошката фаза на растенијата од кои медоносните пчели се обезбедуваат со нивната основна храна, нектарот и поленот. Така, пчелното семејство најмногу е развиено во пролетниот и летниот период, по што постепено се намалува бројот на пчелите работнички и трутови за во текот на зимата целата колонија се наоѓа во фаза на мирување. Во текот на активната сезона пчелите за сопствени потреби произведуваат и до неколку десетици килограми мед и полен, додека вишокот кој што се јавува (во македонски услови околу 15-20 килограми мед) се одзема од страна на одгледувачите на пчели.

ДБ КОШНИЦА
ДБ Кошница (Дадан-Блатовата кошница) има плодиште со една преградна даска, една поклопна даска и 12 рамки. Сатоносната рамка е долга 474 мм, широка 25 мм и дебела 20 мм. Бочните летвички на рамката се долги 300 мм, широки 25 и дебели 8 мм. Долната летвичка на рамката е долга 440 мм, широка 20 мм и дебела 10 мм.
За медишта се користат полунаставци кои треба да има 2-3 за една кошница па и повеќе. Димензиите на рамката во полумедиштето е следна: сатоносната рамка е долга 474, широка 25 и дебела 20 мм. Значи сатоносната рамка во плодиштето и во полумедиштето е иста. Исто така долната летвичка на рамката и во двете сандачиња е иста, додека страничните летвички се со следниве димензии: должина 145, ширина 25 и дебелина 8 мм. Покрај медиштето и полумедиштата овој тип на сандак има и збег кој служи за современ начин на пчеларење и постигнување на големи приноси.
Овој тип на кошница е наједноставен за работа па со право пчеларите ја викаат и хоби кошница.
Во последно време многу пчелари се преориентираат на ДВ кошница со 10 рамки бидејќи пчелата во ДВ со 12 рамки во некои случаи ќе го наполни плодиштето со мед и не преоѓа во медиштето. Во сандакот со 10 рамки, пчелното семејство бргу се развива на пролет и кога ќе почне обилно да меди во природата, пчелата без никаква интервенција на пчеларот преоѓа во медиштето, Овој тип на ДВ сандак со 10 рамки се препорачува на пчелари почетници или на оние пчелари на кои пчеларењето им е хоби бидејќи е наједноставен за работа па со право пчеларите ја викаат хоби кошница,

ЛР КОШНИЦА

ЛР Кошница (Лангстрот-Рутовата кошница) има плодиште и медиште со иста димензија. Рамките од оваа кошница се со следните димензии: сатоносната рамка е долга 484 мм, широка 25 мм и дебела 20 мм. Бочните летвички се долги 232 мм, широки во горниот дел 36 мм а во долниот 25 мм и имаат дебелина од 8 мм. Додека долната летвичка е долга 450, широка 20 и дебела 10 мм.
Како плодиште служат долните две тела додека третото е медиште. Плодиштето и медиштето се одвоени со матична решетка за матицата да не неси јајца во медиштето. Во светот, па и кај нас е се пораспространета што укажува дека оваа кошница е за професионално пчеларење.

ФАРАРОВА КОШНИЦА
Фараровата кошница има плодиште од неколку плитки полунаставци (обично по 4). Во еден полунаставак има по 12 ниски рамки како во полумедиштата на ДБ кошницата. Медиштата се со исти димензии како и плодните полунаставци. Овој тип на кошница е идеален за двоматично пчеларење па затоа е се поинтересен кај професионалните пчелари. Пчелното семејство брзо се развива на пролет а и медиштата се полнат многу побрзо отколку кај другите типови на кошници.
Пчеларењето со овие кошници бара поголемо искуство но затоа приносот е многу поголем.

НУКЛЕУСИ

Нуклеусите се мали кошници кои обично собираат од четири до шест рамки. Поради економичност а и полесна работа со нуклеусите пожелно е рамките да бидат со исти димензии како и рамките во плодиштата на сандаците со кои пчелариме.
Тие служат за одгледување, парење, тестирање и чување на резервни матици. Во нуклеусите може да се формира и помало пчелно друштво кое према потреба може во него и да презими.
Исто така наместо да се прават посебни нуклеуси, може на пример да се прегради плодиште од ДБ кошница на два дела и да се отворат посебни отвори за секој дел посебно. Преградата мора да е до подот за пчелите да не се мешаат меѓу себе. На пролет само се вади преградната даска и двата нуклеуси се спојуваат (нормално полошата матица ја отстрануваме).

ПАЗАРИ

Република Македонија располага со 75.000 пчелни семејства кои се одгледувани од приближно 10.000 одгледувачи на пчели со вкупно просечно годишно производство од 800 -1.200 тони мед. Претежно се произведува ливадски и багремов мед, но има и значително производство и на костенов и мед медликовец. Малопродажната цена на килограм мед, во зависност од регионот во Македонија, се движи од 180 денари во источниот дел до 300 денари во западниот дел на државата. За исхрана на луѓето, покрај медот, најчесто се произведува и полен кој има одлични нутриционистички вредности.

Предноста на пчеларството, во однос на другите земјоделски гранки, се состои во можноста од производство на големиот број пчелни производи со одлични нутриционистичко-фармаколошки, но и козметички вредности за човекот. Овие производи обично се многу барани и со релативно висока продажна цена, па затоа одгледувачите на пчели потребно е посебно внимание да посветат и на производството на другите пчелни производи, како што се:

мед  (прехранбен производ)

полен  (прехранбен производ)

восок  (фармаколошко-козметичко-индустриски производ)

матичен млеч  (прехранбено-фармаколошки производ)

прополис  (фармаколошко-козметичко-индустриски производ) и

пчелен отров  (фармаколошко-козметичко производ)

производи , со големиот број на варијанти на меѓусебно мешање и нивно соодветно промовирање и маркетинг, преставуваат одличен извор на финансиски средства за одгледувачите на пчели кои практикуваат современо и селидбено пчеларство.

ТРОШОЦИ

Трошоците за започнување со пчеларски бизнис се релативно помали во однос на другите земјдоелски гранки. Како и секој бизнис, така и пчеларството има потреба од постојани средства кои се неопходни за производството. Потребни се сандаци , матици, нуклеуси, роеви, ситен алат (заштитни капи, пчеларски нож, дималка), сатни основи , рамки, центрифуга.

Еден сандак со пчелно семејство се движи од 6000 до 7200 денари, а периодот на ваќање на инвестицијата е 3 години, вклучително со дополнителната опрема

ОБУКА И ЕДУКАЦИЈА

Успешноста на пчеларскиот бизнис зависи и од менаџерските и производните способности и знаење на пчеларот. Пчеларите може да посетуваат обуки со цел да ги зголемат своите вештини и техники. Обуките се наменети и за почетници т.е. луѓе кои сакаат да започнат со пчеларскиот бизнис. Покрај ваквите обуки, пчеларството како предмет се изучува и на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и Битехничкиот факултет во Битола.

ГРАНТОВИ И СУБВЕНЦИИ

Развојот на пчеларството како активност е поддржано и преку програмата за директни плаќања (субвенции) на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство , а истото е влезено и во третата мерка (диверзификација) на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.

http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Директни плаќања

Услов: Минимум 35 пчелни семејства

Субвенција: 500 денари по пчелно семејство

 

Услов: Минимум 15 пчелни семејства

Субвенција:  350 денари од набавена матица, максимум до 10 матици

 

Услов: Минимум 35 пчелни семејства, минимум 0,2 ха површина.

Субвенција: 2500 денари по сектар или 8 ден/садница за медоносни растенија

 

Програма за рурален развој (50:50):

Модернизација на пчеларството

- набавки на рамки и сандаци

- набавка на опрема за одгледување

- набавка на опрема за производство на мед и пчелни производи

- услуги за монтажа и инсталација на опрема

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

Пчелните производи се составен дел на многу лекови во фармаколошката индустрија. Употребата на пчелните производи како суровина за производство на традиционални лекови треба да биде во согласност со законската регулатива и нормативите кои постојат во државата. Прометот и продажбата на пчелните производи треба да биде во согласност со законот за трговија .

РИЗИЦИ И МОЖНИ ПРОБЛЕМИ

Посебно внимание треба да се посвети на заштитата на пчелните семејства од болести . Посебно треба да се внимава на опасните болести ноземоза и америчкиот трулеж .

ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

Подетални информации може да се најдат и на следниве веб сајтови:

АПИЦЕНТАР тренинг и репро центар за пчеларство - www.apicentar.com.mk

ПЧЕЛА Форум - www.pcela.mk

Пчелар - www.pcelar.mk

Српски линкови за пчеларство

www.pcela.co.yu/

www.pcelarskeinovacije.com/

www.galerija.pcelarskeinovacije.com/

www.pcelarskeinovacije2.angelcities.com/

www.pcelar.co.yu/

www.pcelar.org.yu/

www.pcelica.co.yu/

www.pcelinjaci.co.yu/

www.propolisplus.com/index.html

www.belibagrem.4t.com/

www.pcelarske.majstorije.4t.com/

www.pcelari.org.yu

www.poljoberza.net/pcelar.aspx (часопис за пчеларство)

www.spos.info/

www.medija.netfirms.com

 

Хрватски линкови за пчеларство

www.pcela.hr

www.pcelarstvo.hr

www.pcelinjak.com

www.pcelica.com

www.pcelica.hr

www.pdz.hr

www.slatinskipcelar.hr

Англиски линкови

www.beekeeping.com