header

Поддржано од:

CSAE1
ЦЕНТАР ЗА
ОДРЖЛИВОСТ
И НАПРЕДНА
ЕДУКАЦИЈА

Google Translate

Macedonian Albanian English French German Italian Russian Swedish
Аронија PDF Печати Е-пошта

Aronia_melanocarpa_zrel_plodЦрноплодната аронија (Арониа Меланоцарпа Л.) во Европа е донесена од источниот дел на Северна Америка. Наводно, тамошните индијанци ги сушеле плодовите на аронијата и ги употребувале за правење на зимски погачи. Аронијата како храна и лек први почнале да ја употребуваат Северноамериканските Индијанци. Со оглед на тоа дека плодовите на аронијата долго време остануваат на гранките и не се расипуваат, индијанците се хранеле со нив, плодовите ги сушеле и мелеле и ги мешале со животинска маст и исушено месо.Сушените плодови на аронијата им биле зимска храна и лек против желудочни и цревни тегоби и пролив. Освен зрелите плодови, индијанците како лек ги употребувале и листовите и кората од аронија. Во лето ги сушеле листовите и кората и правеле чај кој го користеле како средство  против пролив и за сопирање на крварење од рана.

Повеќе...
 
Калифорниски црви PDF Печати Е-пошта
worms

Пред 5000 год. старите Египќани знаеле за црвите. Со нивните закони најстрого забрането било изнесување црви од долината на реката Нил, бидејки тајната на плодноста на тој крај била врзувана со голема концентрација црви во речните наноси на реката Нил. Сета родна земја во целиот Свет повеке кратно поминала и ке поминува низ утробата на црвите и констатира дека црвите во природата во тек на една година преработуваат и исфрлаат 4 кг. хумус на квадратен метар (или 40 тони на хектар).

Повеќе...
 
Ноеви PDF Печати Е-пошта

ostrich

Одгледувањето на ноеви во Република Македонија е релативно нова земјоделска активност, која се воведува во последниве неколку години. Откако за прв пат започнуваат да се одгледуваат во 2003та година, интересот за нивно одгледување е во постојан пораст. Според некои информации кои датираат од 2007 година, во македонија има 56 фарми за одгледување на ноеви со вкупно 1.000 ноеви.

Во моментот бројот на фарми и одгледувачи на ноеви е во намалување, поради непостоењето на специјализирана кланица за ноеви и пазар за оркуп на производи од ноеви.

Повеќе...
 
Печурки - буковка PDF Печати Е-пошта

200px-Oyster-bukovka

Благотворното дејство на Буковката први го откриле Кинезите, каде денес најчесто се користи сушена или во прав, а Европејците почнале да ја употребуваат кон крајот на минатиот век. Најновите истражувања покажале дека освен што е јадлива, Буковката посебно благотворно делува на човековиот организам. Буковката е габа која расте на дрвјата и од дрвјата извлекува многу здрави и хранливи материи кои и се потребни за раст и развој, а тие супстанци поволно влијаат и на човековиот организам.

 

Повеќе...
 
Пчели PDF Печати Е-пошта

beesОрганизираното одгледување на медоносните пчели, со основна цел да се произведе високо вредниот мед, е познато уште од времето на првите човечки цивилизации. Овие цивилизации, сопствените потреби за основна прехрана и засладување на храната, најнапред ги задоволувала преку медот кој го краделе од дивонаселените пчелни семејства во дрвјата и карпите. Набрзо, кога ги увиделе одличните нутриционистичко-фармаколошки вредности на медот и восокот, почнале организирано да ги одгледуваат овие извонредно корисни инсекти.

Повеќе...
 
Ракотворби PDF Печати Е-пошта
rakotvorbi
Македонското ракотворење има вековна традиција и неговата вредност како наше традиционално богато културно обележје се афирмира како кај нас, така и надвор од нашата земја преку традиционалните обичаи во период на верските празници а тоа е нашиот идентитет кој треба да си го зачуваме. Занаетчиството во Република Македонија се развивало постапно низ вековите, достигнувајќи ниво на перфекција истовремено добивајќи признак на високо квалитетна применета уметност.

 

Повеќе...
 
Рани јагоди PDF Печати Е-пошта

jagodiЗа разлика од Интензивното производство на јагоди, производството на рани јагоди е наменето за локалните пазари, поради едноставноста при транспорт, малата конкуренција и недостигот на друго овошје во сезоната на берба.

Почетокот на април и месеците мај и јуни се месеци каде се сретнуваат поголемите верски и државни празници и се добра можност за продажба на јагодите во овој период.

Повеќе...
 
Рурален туризам PDF Печати Е-пошта

selski_turizamПод поимот рурален туризам се сретнуваат разни називи: еко – туризам, селски туризам, агро –туризам, еко рурален туризам и сл. Руралниот туризам е концепт на туризам во селските домаќинства, кој се темели на користење на руралниот простор во контекст на туристички понуди. Надвор е од урбаните населби и нема масовен облик. Руралниот туризам подразбира поттикнување на развојот на нови туристички дестинации на континентот. Дел е од континенталниот туризам. Се одвива во селските стопанства чија егзистенција се темели на земјоделството, а вишокот од своите производи го пласираат низ новиот продажен канал – туризам.

Повеќе...